Така барем тврдат британските експерти кои сè повеќе го забрзуваат сообраќајот на автопатиштата со укинување на лентата за застанување

Непостоењето на оваа лента ќе биде компензирано со зголемен број на паркинзи и местата за запирање, но сепак се поставува прашањето што во случај кога возилото ќе се расипе и не е можно да се продолжи да се вози дури и до првото место за застанување? Решението за оваа ситуација го нудат паметните автопатишта, кои Британците ги спроведуваат од 2006 година.

Имено, во таков случај, дигиталните сообраќајни знаци веднаш ги предупредуваат другите возачи дека едната лента не работи. Истиот систем се користи за побрзо поминување на службите за итни случаи во периоди на максимално оптоварување на сообраќајот.