
Знаете ли колку заработува Ferrari од еден продаден автомобил?
Италијанскиот производител минатата година продал 10.131 возила
Ferrari зад себе има многу успешна година, испорачувајќи рекордни во историјата повеќе од 10.000 автомобили до своите клиенти.
Скоро во секој регион во светот – освен американскиот континент – имало раст на продажбата, а профитот од продажба е зголемен за 10,1% споредбено со 2018 година, се вели во соопштение на Fiat Group World. Истиот извор наведува дека заработката од продажбата на 10.131 автомобили во просек изнесувала дури 86.369 евра по возило.
За споредба, BMW мора да продаде 30 автомобили за да заработи онолку колку што носи еден примерок на Ferrari, додека кај Volkswagen таа бројка е 56. Mercedes истиот профит би го остварил со продажба на 67 автомобили, Ford дури 908, a Nissan 928.
Интересно е што во 2018 година Ferrari продал помалку возила отколку во 2019 година, но по примерок заработувал дури и повеќе (просечно 86.801 евра).