Илон Маск, извршен директор на Tesla, награден е со прва рата од 12 можни исплати врз основа на постигнатите резултати. Износот се мери во стотици милиони долари

Според официјалните податоци, Маск заработил 1,7 милиони акции на Tesla во вредност од 775 милиони долари, барем според податоците од берзата пред викендот.

Маск не добива плата за својата работа, но тој е сопственик на 18,5 проценти од компанијата. За да биде платен, тој мора да постигне одредени цели. Првата цел е Teslа да има пазарна капитализација од повеќе од 100 милијарди долари за 30 дена по ред во шестмесечен период, како и во период од четири квартали да има промет од 20 милијарди долари.

Акционерите потврдиле дека целите се исполнети и веруваат дека оваа исплата ќе дејствува како мотивација за побрзо постигнување на поставените цели. Сепак, не се задоволни сите големи акционери. Ричард Торнет ја тужеше компанијата за овој план за компензација, обвинувајќи го одборот на директори за кршење на основните должности со одобрување на пакет што неправедно носи големо богатство на директорот на компанијата.