Не ги придвижувајте бришачите додека прозорците се замрзнати бидејќи постои голема веројатност и тие да се залепени, па секое насилно ракување со нив со сигурност ќе ги оштети

За важноста на бришачитесè е познато и нема за што да се зборува. Но, со зимата доаѓаат и зимските проблеми, а тоа се барем во градски услови помалку снег, но често замрзнување при ниски температури. Што да се прави? Една опција е бришачите да се подигнат! Дали треба да се направи тоа? Не би било лошо затоа што снегот или мразот ќе се залепат на бришачите на шофершајбната и секое движење во таа состојба може да го оштети нивниот фин гумен слој. После тоа, тие нема да бришат како порано, а со се влијае и на безбедноста при возењето.

Значи, подигнете ги бришачите или ако не сакате да го сторите тоа на некој голем паркинг каде немате контрола над возилото и се плашите дека може да бидат мета на вандали, ставете две дрвени подлошки под нив за да ги одделите од стаклото (ако се знае дека ноќта ќе биде студена и дека ќе има мраз).

Ако не сакате да го направите ова или ако не сакате да ги кренете бришачите, одмрзнете ги прозорците темелно пред секое стартување и „ослободете ги“ бришачите. Не ги стартувајте додека прозорците се замрзнати бидејќи има големи шанси да се залепени, па нивното придвижување е скоро невозможно. Она што е возможно е да „успеете“ да го оштетите моторот за нивно придвижување.