Едноставно полека тргнете напред – назад. Неколку сантиметри – да не се оштети системот за сопирање. Повторете го ова неколку пати

Повеќето возачи, кога ќе застанат или ќе го паркираат автомобилот, ја активираат рачната сопирачка. Многумина немаат можност да ги остават возилата во гаражи, а временските (не) услови на отворено треба да се земат во предвид. Еден од нив е зимскиот студ, кој создава многу проблеми – на пример, може да ви ја замрзне рачната сопирачка. Понекогаш може да замрзне сајлата на рачната сопирачка, а може да замрзне и механизмот кој ги држи тркалата, односно површината на облогата на сопирачката и дискот или барабанот.

Што да се прави? Замрзнувањето ќе го почувствувате ако ја спуштите рачката на сопирачката без поголем отпор или ако почувствувате дека напнатоста во рачката на сопирачката е намалена. Едноставно, бавно тргнете со возилото (но навистина бавно), напред-назад. Неколку сантиметри за да не се оштети системот за сопирање. Повторете го ова неколку пати. Ако сопирачката не се ослободи, ви останува да приклучите продолжен кабел и да поврзете фен за коса на него. Дувајте топол воздух во тркалата што ги држи сопирачката – тоа е обично задниот пар и тоа треба да биде доволно за да се ослободи „ледениот стисок“.