Главниот директор за маркетинг на Lamborghini претстави проект кој вклучува футуристичка и авангардна архитектура со модерни ентериери

Проектот Dubai Hills Vista, кој треба да биде завршен во 2026 година, е развиен од Emmar Properties и е затворена заедница од 40 вили со пространи градини, приватни базени и многу паркинг за италијанските суперавтомобили.

Она што го издвојува Dubai Hills Vista се карактеристиките на Lamborghini дизајнот кој вклучува футуристичка и авангардна архитектура со модерен ентериер. 

„Клиентите можат да нарачаат ентериер инспириран од Lamborghini кој содржи ексклузивни колекции на мебел од Lamborghini што ќе ја внесе суштината на Lamborghini во секојдневниот живот.

Иако не се наведени детали, фотографиите прикажуваат елегантна кујна со аголен остров и вграден простор за седење. Дневната соба има елегантен мебел и мноштво шестоаголни акценти инспирирани од Lamborghini. Трпезаријата располага со маса со осум седишта и аголни ѕидни акценти со полици. Влегувајќи во спалната соба можеме да видиме „лебдечки“ кревет со тапациран наслон до ѕидот, висечки светла и елегантни столчиња.

Планирани се вкупно четири различни типови на вили наречени „V8, V10, V12 и V12I“. Секоја има шест спални соби и приватна дневна соба на покривот. На купувачите ќе им бидат достапни тениски и кошаркарски терени, како и фитнес патеки и места за излет.

Главниот директор за маркетинг и продажба на Lamborghini, Федерико Фоскини, програмата ja нарекува „елегантен, бескомпромисен и луксузен живот на највисоко ниво, кој ги одразува принципите на Lamborghini за дизајн, квалитет и ексклузивност“.