Досега само се шпекулираше за неговата премиера во Женева, за денес конечно да го видиме во полн сјај

Lamborghini Aventador SVJ Roadster добил сет на аеродинамични подобрувања. Очигледна новост со оваа верзија во однос на купе верзијата е можноста за уживање на возачот и совозачот во целата моќ на возилото, но со ветар во коса.

„Aventador SVJ Roadster ги наследува целата моќ, грандиозните перформанси и најнапредните технологии, кои беа во служба на купето, но со нов стил и статус на икона“, изјави шефот на Lamborghini Стефано Доменикали.

„Возењето на оваа верзија е возбудливо искуство со сериозна доза на ексклузивност. Перформансите го одземаат здивот, со или без покрив, а Aventador SVJ Roadster ја обединува динамиката на купето и единствениот дух на Lamborghini Roadster“.

Вообичаено, верзиите со отворен покрив ги красат перформансите кои се делумно компромитирани од зголемената тежина на возилото. Производителот не открива детали за тоа како ја компензирал загубата во крутоста на каросеријата поради отсуството на покривот, но се знае дека оваа варијанта тежи 50 килограми повеќе во однос на купето.

Минусот од една десетинка во забрзувањето до стотка во однос на купето сигурно никому нема да му смета, бидејќи времето од 2,9 секунди за тоа е навистина застрашувачко. Подвижниот покрив е направен од пластика засилена со јаглеродни влакна, додека манипулацијата со него е сведена на неколку секунди.

Аеродинамичните подобрувања се направени со цел зајакнат вертикалниот потисок, а поради зголемена стабилност за време на офанзивно возење, особено во кривини. Погонот е V12 мотор со 770 коњски сили, монтиран директно зад возачкото седиште.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1WPCueQgQDVDMCKfURvgOErOLAkT4_1Qy” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Вкупното производство ќе биде ограничено на 800 примероци, а продажбата ќе започне оваа година. Почетната цена е поставена на 573.996 долари.