Претходната година е целосна катастрофа за италијанскиот бренд на Стариот континент

Alfa Romeo запишал вкупно 26.322 регистрации, што е за 10.000 помалку од 2020 година. Тешко дека може да биде полошо од ова, а покрај недостатокот на микрочипови, Alfa се бореше и со помалата побарувачка, но и со последиците од пандемијата на корона вирус.

Со овој резултат, марката од Милано е премиум бренд со убедливо најниска продажба во Европа (EU+EFTA+UK). Тоа е далеку од лидерите од Германија, кои сите имаат стотици илјади испорачани возила во овој дел од светот.

Францускиот DS продал 42.708 автомобили, што е приближно на исто ниво како во 2020 година. Lexus го нашол патот до 47.604 нови сопственици во Европа или доволно за благ пораст од 1,3%.

Најблиску до Alfa Romeo е Jaguar со 38.039 испорачани единици (-18,5%). Братскиот Land Rover е далеку поуспешен со 111.745 регистрации. Од германските премиум брендови, Porsche имал „најлоша“ продажба во Европа, индексирајќи повеќе од 77.000 испораки.

Значи, исклучително лоша година за Alfa Romeo, но утешната вест е дека наскоро пристигнува и Tonale, теренец од Ц-сегментот, кој би требало значително да ја подобри продажбата на италијанскиот производител. Според претходните најави, се очекува Tonale да има до околу 100.000 продадени автомобили годишно, но на глобално ниво.