Зголемување на цените на бензините и дизелот
Со оваа Одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 0,84%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 10.02.2020 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 10.02.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,246 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.02.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,140 ден/кг.