Збогум за најпознатиот автомобил во историјата / ВИДЕО
Половина година по изработката на последниот примерок, време е за достојно збогување
Станува збор за Volkswagen и легендарната Буба. Не само што станува збор за еден од најпрепознатливите автомобили во историјата, туку со тираж од 23 милиони единици и над 80 години историја, тој е еден од најпродаваните и најтрајните модели генерално гледано.
Токму затоа, филијалата на Volkswagen во Соединетите држави одлучила достојно да се збогува со овој легендарен модел, кој (барем засега) нема наследник.
Секој крај е почеток на нешто ново, а на картата на емоции игра и Volkswagen. „Бубачката“ дефинитивно заминува во историјата, а иднината е наменета за некои други икони кои доаѓаат, а кои, се разбира, се електрични.
Погледнете го видеото во прилог.