За судбината на Alfa Romeo во концернот Stelantis многу се дебатира, а најновите вести велат дека зад италијанскиот бренд стојат амбициозни планови

На љубителите на лимузините ќе им биде драго да слушнат дека легендарната италијанска марка нема да се откаже од овој тип на возила, но некои би можеле да бидат тажни поради изборот на мотор. Извршниот директор на Alfa Romeo, Жан-Филип Импарато, за Automotive News Europe вели дека следната Giulia ќе биде исклучиво електричен модел.

Со оглед на тоа дека Alfa Romeo е во транзиција и до 2027 година ќе стане чисто електричен бренд, сегашниот модел е последен со дизел и бензински мотори.

Редизајнираната Giulia е во процес на тестирање и се очекува да се појави на пазарот некаде во 2023 година. Ќе опстане на пазарот уште неколку години пред да се појави електричниот модел.