Збогум на Ferrari 488 GTB, добредојдe за F8 Tributo
Сo педесет коњски сили повеќе и 40 килограми помалку од 488 GTB, Ferrari F8 Tributo e досега можеби најфасцинантната V8 машина од Маранело
Ferrari 488 GTB беше претставен на Салонот за автомобили во Женева во 2015 година како замена за 458 Italia. За овогодинешното издание на саемот, Gran Tourismo Berlinetta се пензионира за да направи место за новиот F8 Tributo, најмоќниот V8 пакет на италијанскиот бренд.
Со 720 КС и 770 Nm максимален вртежен момент од 3.9-литарскиот V8 twin-turbo мотор, F8 Tributo е во совршена хармонија моделот Pista. Додава 50 КС и 10 Nm на бројките на моделот во заминување GTB. Ова значи дека за спринт до сто се потребни само 2,9 секунди, а до 200 km/h 7,8 секунди. F8 Tributo ја достигнува максималната брзина на Pistа од 340 km/h. Ferrari вели дека нема „турбо дупка“.
Зголемувањето на перформансите е постигнато не само со тоа што 488 GTB е доведен на нивото на Pistа кога станува збор за моќ, туку V8 суперавтомобилот поминал и низ „диететски“ третман. Симанти се 40 (излишни) килограми, за вкупно 1.330 килограми.
Аеродинамиката и нејзината ефикасност се подобрени за 10 проценти во споредба со 488 GTB. Рестилизираната каросерија не само што е поелегантна од кога било досега, туку го отвора патот за новиот јазик на дизајнот на маранело тимот, истовремено претставувајќи омаж на оригиналниот 308 GTB. Другиот детал кој го нагласува наследството е во задниот дел, каде што се наоѓа карактеристичниот капак на моторот од Lexan поликарбонат, кој евоцира на спомени на иконата F40.
Ferrari го искористил F8 Tributo за освежување на ентериерот, со воведување кружни вентилациони отвори и освежување на дизајнот на воланот. Контролните единици се исто така нови, како и 7-инчниот екран на совозачката страна од контролната табла.