Заштитните маски станаа задолжителни за сите вработени во Tesla
Во Tesla Inc. во сила од понеделникот е наредба за задолжително носење заштитни маски во затворените простории во фабриката за батерии во Невада, без оглед на статусот на вакцинација.
Претходно, работниците од оваа фабрика во градот Рино мораа да носат маски само доколку не се вакцинирани, пренесува Reuters.
Tesla е уште една американска компанија на листата која им нареди на своите работници да носат маски откако ширењето на на делта сојот на корона вирусот ги принуди Американските центри за контрола и превенција на болести да ги сменат упатствата и да препорачаат дури и целосно вакцинирани лица да носат маски во затворени простории.