Најпрестижниот модел на Volvo го привлекува вниманието со своите технолошки достигнувања, но и со начинот на кој е создаден

По долготрајните најави, Volvo конечно го претстави EX90, духовниот наследник на XC90 и главниот конкурент во битката со премиум електричните теренци од калибарот на BMW iX. Од Volvo велат дека EX90 започнува нова ера во речиси стогодишната историја на брендот.

Тоа е првиот модел откако Џим Роуан дојде на чело на компанијата во март, но и првиот модел целосно дефиниран со софтвер, кој „со текот на времето ќе биде подобар“. Возилото е како компјутер на тркала со можност за ажурирање од далечина.

Се подразбира дека ова е најбезбедното Volvo во историјата. Овој теренец има „невидлив заштитен штит“, што овозможува да се намали бројот на сообраќајни несреќи со сериозни последици и до 20 проценти, објаснува Роуан. Осум камери, пет радари и еден лидар го снабдуваат централниот компјутер со вредни информации. На пример, Lidar-от на Luminar наскоро ќе биде стандарден во Volvo, а овде го скенира просторот и регистрира пешак до 250 метри, дури и при големи брзини.

Тука доаѓаме и до автономното управување на возилото, кое е овозможено од сопствениот систем и ја користи платформата Nvidia (Xavier) и производите на Orin. Поддржува автономно управување од ниво 3 со можност за 30 трилиони операции во секунда. Системот Orin, од друга страна, нуди до 254 милијарди операции во секунда и овозможува скок кон автономно управување на ниво 5, нагласува Automotive News Europe.

EX90 има процесорска единица Qualcomm Snapdragon за погонот на повеќето функции на автомобилот, од следење на погонот до инфозабава.

EX 90 има две верзии на погонот, и двете доаѓаат со батерија со капацитет од 107 kWh и можност за полнење со моќност до 250 kW. Тоа значи дека полнењето од 10 до 80 отсто капацитет трае половина час. Досегот е 600 km, а во случај на помали перформанси, станува збор за 414 КС и 770 Nm и 517 КС и 910 Nm за верзијата Performance. И покрај тежината од 2.818 kg, ова Volvo со AWD погон достигнува 100 km/h за 4,9 секунди.

Однадвор, EX90 се базира на минатогодишниот Concept Recharge, додека во внатрешноста на кабината сепак се враќа во реалниот свет. Има централен екран од 14,5 инчи кој ги опслужува речиси сите функции, а се базира на оперативниот систем Google Android Automotive.

Сè на сè, Volvo направил одлична работа успешно одвојувајќи го EX90 од Polestar 3, со кој дели богатство на технологија. Во исто време, Volvo ја нагласува удобноста нудејќи три реда седишта и технологии кои ја олеснуваат километражата.

На целосно автономното возење сепак ќе треба да се почека, но за безгрижно возење има две камери кои постојано го следат возачот и неговиот фокус. 

„Нашите сензори никогаш не се заморуваат. Тие се дизајнирани да одговорат и да реагираат кога ќе доцните само за дел од секундата“, објаснува Роуан.

Ако сте љубител на XC90, уште една добра вест. Истиот останува во понудата и ќе биде темелно освежен, што не е чудно со оглед на тоа што моментално го држи третото место во рангирањето на најпопуларните, веднаш зад BMW X5 и Mercedes GLE. Барем до 2030 година, кога целата гама на брендот ќе биде електрична.

ФОТО ГАЛЕРИЈА