Компанијата Zastava TERVO од соседна Србија годинава ќе започне со сериско производство на теренското возило Zastava NTV, а оваа година ќе започне со тестирање и производство на нулта серија на ново оклопно возило M-20 MRAP 6X6, наменето за транспорт на пешадиски единици

За возилото Zastava NTV интерес покажале тамошни јавни компании, но и странските купувачи од Блискиот исток и Северна Африка, како во воена, така и во цивилна верзија, вели директорот на компанијата Зоран Аџиќ.

Оклопното возило M-20 MRAP 6X6, според Аџиќ, се карактеризира со висок степен на балистичка и минска заштита.

Компанијата Zastava TERVO е основана со одлука на Владата на Србија во август 2017 година како друштво со ограничена одговорност за производство на теренски возила. Zastava TERVO е носител на сите лиценци и техничко-технолошка документација користена за производство во компанијата Zastava камиони.