Во вторникот пред регионалниот суд во Штутгарт започна судскиот процес против Mercedes-Benz поради сомневање дека тие намерно ги довеле во заблуда потрошувачите манипулирајќи со податоците за количината на штетни материи во издувните гасови

Сојузниот институт за заштита на потрошувачите го обвинува Mercedes дека со свесно манипулирање со дизел моторите извршил кривично дело свесна манипулација на потрошувачите кои во тој случај би имале право на компензација.

Автомобилската компанија од Штутгарт пред три години ги повика сопствениците на моделите GLK и GLC во сервисните центри за да ја поправат грешката со резултатите и погрешните вредности на штетните материи во издувните гасови, но раководството тврдеше дека се работи за случајна, а не намерна грешка.

„Сметаме дека поединечните барања за обештетување како и тужбата се неосновани“, објави Mercedes-Benz пред почетокот на процесот.

Против оваа автомобилска компанија во Германија се поднесени над 25.000 тужби поради манипулации со моторот, но, според Mercedes, тужбите биле одбиени во 95 отсто од случаите. Во пресудите се заклучува дека во моторите се инсталирани уреди кои манипулираат со податоците за издувните гасови, но дека намерата на Mercedes-Benz да им наштети на странките не може да се докаже.

Во моментов пред Европскиот суд на правдата има тужба против Mercedes-Benz, која според главниот адвокат во овој суд има шанси за успех.