Започна производството на првото електрично Volvo
Очекувано, првото електричен Volvo е SUV модел
Пред точно една година, Volvo премиерно ја претстави електричната верзија на мошне успешниот XC40. Неговото име е XC40 Recharge P8 AWD, а првите единици веќе се симнати од фабричките ленти.
Првите единици од погонот во Гент, Белгија, ќе им бидат доставени на клиентите на крајот од месецот, а станува збор за оние кои имале најбрз прст, но и најголема верба во потенцијалот на шведскиот бренд. Се чини дека Volvo заврши добра работа бидејќи интересот е голем и сите единици кои ќе бидат произведени до крајот на годината се продадени однапред.
Моделот ја користи Compact Modular Architecture (CMA) платформата развиена со помош на групата Geely, а се споделува со моделот Polestar 2, кој многумина го вклучија во списокот на можни „убијци“ на Tesla. Погонот дава 408 КС, максималната брзина е ограничена на 180 km/h, а до 100 km/h стигнува за одлични 4,9 секунди. Батеријата има капацитет од 78 kWh што е доволно за автономија од 418 километри по WLTP и 335 километри по EPA. Потребни се 40 минути на брз полнач за полнење на батеријата до 80 проценти од капацитетот.
Цената на првиот електричен Volvo во Германија започнува од 60.437 евра.