Започна производството на освеженото VW Polo
Автомобилот на Volkswagen во Б сегментот излегува од производните линии на фабриката во Памплона, Шпанија
Volkswagen има многу долга историја на производство на Пиринејскиот полуостров, а во оваа фабрика малиот хечбек се составува уште од 1984 година. Покрај моделот Polo, тука се произведува и T-Cross.
Кариерата на Polo трае повеќе од 45 години, за кое време Volkswagen има продадено повеќе од 45 милиони примероци, што доволно зборува за тоа колку голема улога има овој хечбек за германската марка. Сепак, во последно време, продажбата значително опадна, што се должи на приливот на „помлади и поталентирани“ конкуренти, пред се од Франција.
Некои дури веруваат дека Polo ќе биде повлечено по завршувањето на животниот циклус на тековната генерација. Сосема можно, бидејќи Volkswagen вложува огромни средства во електрификација, па затоа е јасно дека нема да има многу простор во портфолиото на оваа марка за автомобили со SUS мотори.
Сепак, во меѓувреме, Volkswagen ќе се обиде максимално да го искористи својот субкомпактен хечбек. Така, неодамна беа објавени цените за ажурираниот модел на домашниот германски пазар. Верувале или не, но почетната цена за VW Polo во Германија е повеќе од 21.000 евра!