Започна производството на новиот Peugeot e-Еxpert Hydrogen
Историски момент. Од производтвените ленти на 13 декември 2021 година е симнато првото сериско возило со погон на водород од Peugeot
Peugeot станува еден од првите производители што нуди верзија со водородни горивни ќелии во сегментот на комерцијални возила покрај своите верзии со мотор со внатрешно согорување и електрични на батерија.
„Со e-EXPERT Hydrogen, Peugeot го презема водството во технологијата на иднината со нула емисија која е особено релевантна за пазарот на лесни комерцијални возила: водородната електрична технологија овозможува интензивна секојдневна употреба без потребата за полнење, одлучувачка предност за професионалците кои во еден ден треба да поминат неколку стотици километри на автопатот и потоа да влезат во урбани области со ограничени емисии. Технологијата на водород развиена од Stellantis и имплементирана во нашиот Peugeot e-Expert Hydrogen овозможува таква употреба“, вели Линда Џексон, извршен директор на брендот Peugeot.
Водородното комерцијално возило на Peugeot се одликува со совршена интеграција на целиот состав „mid-power plug-in hydrogen fuel cell electric“ во моторниот простор и долниот дел од каросеријата. Резултат: нема компромис во однос на обемот на оптоварување и нискиот центар на гравитација, гаранција за стабилност, безбедност и агилност.
Првиот клиент кај кој ќе биде испорачан Peugeot e-Expert Hydrogen пред крајот на годината е WATEA by MICHELIN, подружница посветена на решенијата за зелена мобилност во групата MICHELIN.
e-EXPERT Hydrogen, кој започнува со сериско производство е најновиот симбол на стратегијата на брендот „Проширена моќ на избор“ (Extended power of choice), овозможувајќи им на клиентите да изберат од широкот спектар на мотори кои најдобро одговараат на нивните специфични потреби.
Електричната верзија со водородни горивни ќелии е потврда за брзиот развој на електрифицираната понуда на серијата Peugeot EXPERT. Неговото производство доаѓа 15 месеци по лансирањето на електричниот модел e-EXPERT на батерии во 2020 година, кој беше прогласен за интернационално комерцијално возило на почетокот на 2021 година и е шестото возило на Peugeot што ја освои оваа престижна награда од 1992 година.
Peugeot e-EXPERT Hydrogen се базира на e-EXPERT напојуван од батерии. Прво се произведува во Франција, во областа Hordain (Nord, Hauts de France), потоа се преработува во Германија во Rüsselsheim, во стручниот центар на групата Stellantis посветен на технологијата на водород.
Новиот Peugeot e-EXPERT Hydrogen воведува иновации како што е системот „mid-power plug-in hydrogen fuel cell electric“ развиен од Stellantis и се состои од:
- Горивни ќелии што ја произведуваат електричната енергија потребна за придвижување на возилото благодарение на водородот во резервоарот
- Високонапонска литиум-јонска батерија на полнење со капацитет од 10,5 kWh, која може да се полни од електричната мрежа и која исто така го напојува електричниот мотор во одредени фази на возење.
Новиот Peugeot e-EXPERT Hydrogen се одликува со:
- неговата способност да ги покрие сите дестинации без емисија на CO2,
- неговата способност да се наполни со водород за 3 минути за повеќе од 400 km автономија во циклусот на хомологација WLTP (хомологација во тек),
- приклучок за полнење на високонапонската батерија,
- достапни се 2 должини (стандард и долга) со исти карактеристики за товарање како и верзиите со дизел и електрични мотори,
- до 6,1 m³ товарен волумен,
- до 1000 kg носивост,
- капацитет за влечење до 1000 kg,
- неговата приспособливост на сите услови на патишта и автопат, со максимална брзина од 130 km/h.
Новиот Peugeot e-EXPERT Hydrogen е технолошки иновативен и има моќен карактер. Може да се вози насекаде, дури и во градските подрачја, тивко и без емисија на CO2, и не бара компромиси во однос на корисни перформанси, удобност или задоволство при возењето.
Водородот сега станува главен столб на енергетската транзиција со најавата за различни меѓународни проекти. Особено во Европа, екосистемот расте и Европската алијанса за чист водород инвестира околу 60 милијарди евра за промовирање на ова решение.
Благодарение на владините планови, бројот на водородни станици во Европа постојано се зголемува и брендот Peugeot работи директно со добавувачите на енергија.
Со овој нов e-EXPERT Hydrogen, Peugeot се позиционира како еден од главните играчи во овој енергетски предизвик.