Започна производството на електричниот модел Cupra Born / ВИДЕО
Електричниот хечбек Cupra Born беше претставен кон крајот на мај, за сега и официјално да започне неговото сериско производство во фабриката на Volkswagen, Цвикау во Германија.
Во споменатата фабрика се произведуваат и Volkswagen ID.3, Volkswagen ID.4, Audi Q4 e-tron и Audi Q4 Sportback e-tron, а треба да се напомене дека продажбата на Cupra Born во Европа започнува во ноември.
Како што се очекуваше, Cupra Born се базира и на MEB платформата на Volkswagen за електрични возила. Во однос на димензиите, Born е долг 4.322 mm, широк 1.809 mm, висок 1.537 mm, меѓуоскиното растојание е 2.767 mm, а тркалата се од 18 до 20 инчи.
Основната верзија со погон на задните тркала, располага со 110 kW / 150 КС и 310 Nm. Батериите се 45 kWh, автономијата е 340 km, додека забрзувањето до 100 km/h трае 8,9 секунди. Постои и варијанта со 150 kW / 204 КС и 310 Nm (исто така со погон на задните тркала), со батерии од 58 kWh, автономија од 420 km и забрзување до 100 km/h за 7,3 секунди.
Cupra Born ќе располага и со „засилувачка“ функција, која вклучува 170 kW / 231 КС и 310 Nm, батерии од 58 kWh, автономија од 420 km и забрзување од 6,6 секунди до 100 km/h.
До 80% од капацитетот на батеријата на брз полнач може да се полни за 35 минути. Покрај тоа, помоќна верзија од 204 КС може да се добие со батерии од 77 kWh, така што автономијата е тогаш 540 km.
Внатрешноста се карактеризира со екран на допир од 12,0 инчи, спортски седишта со интегрирани потпирачи за глава и наслон за глава.
Опремата вклучува и адаптивен темпомат, систем за помош при патување со полуавтономно возење, препознавање сообраќајни знаци, автоматски систем за сопирање, Dynamic Chassis Control Sport суспензија …