Започна продажбата на „зелениот ѕвер“ на Audi
Audi RS5 Sportback во Германија чини 82.700 евра
Речиси една година по светската премиера на RS5 Sportback, која се одржа на автосалонот во Њујорк во 2018 година, Audi започна со продажба на овој автомобил на европскиот пазар.
Audi RS5 со 5 врати го користи истиот мотор како и Audi RS5 Coupe. Под хаубата се наоѓа 2.9 twin-turbo V6 со 450 КС (336 kW) и 600 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува на сите четири трекала преку осум-степен автоматик.
До 100 km/h забрзува за околу 4 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h. Со опционалниот пакет Dynamic Plus овој лимит е поставен на 280 km/h.
Меѓу опциите се и 20-инчни алуминиумски фелни и неколку стилски пакети: „пијано црн“, од јаглеродни влакна, како и естетски пакет со мат алуминиумски елементи.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1ENR4mqpoaPzRfiVc8zl3W_gSka2SyS_V” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Audi RS5 Sportback во Германија чини чини 82.700 евра, а првите примероци до новите сопственици ќе бидат испорачани ова лето.