![Загарантирана дискреција: Облакодер висок 228 метри со гаража во секоја соба / ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2023/02/bentley-residences-miami-sieger-suarez-_dezeen_2364_col_15.webp)
Загарантирана дискреција: Облакодер висок 228 метри со гаража во секоја соба / ВИДЕО
Секоја соба ќе има гаража за три или четири автомобили до која ќе се пристапи со лифт од приземје
За две години ќе биде завршен еден од најголемите облакодери на брегот на Мајами.
Станува збор за заеднички проект на компанијата Dezer Development и Bentley Motors, чии дизајнерски решенија ги потпишува компанијата Sieger Suarez.
Во импресивниот облакодер „Bentley Residence“, висок 228 метри, ќе има 224 апартмани на 60 ката, а посебноста на секој е што ќе има приватна гаража за автомобили.
Затоа, секој стан ќе има гаража за три или четири возила, до која се пристапува со лифт од приземје, а благодарение на специјалните налепници на автомобилот, системот автоматски ќе го препознае сопственикот и без никаква помош од возачот, „ќе го паркира“ возилото во стаклената гаража до собата.
Секоја гаража ќе биде опремена со полнач за електрични возила.
Покрај приватна гаража, секој апартман ќе има и приватен базен и сауна, а хотелскиот комплекс ќе има и надворешни базени, кина, ресторани, теретани, детски игротеки, па дури и терен за мини голф.
Моменталната цена на стан во овој облакодер е околу 4,2 милиони долари.