Повеќе од 70 компании, вклучувајќи ги Apple, LG, Samsung, Panasonic, Audi, GM, BMW, Hyundai, NXP, Qualcomm и Volkswagen ги здружија силите преку Конзорциум за автомобилско поврзување (Car Connectivity Consortium), кој е формиран со цел да се создаде стандард за дигитален клуч

Спецификацијата би требало да обезбеди безбедно отклучување и стартување на возилото, на уникатен начин, без оглед за кој автомобил или уред кој се поврзува на интернет да станува збор.

Спецификацијата Release 1.0 обезбедува генерализиран режим на работа кој им овозможува на сите возила безбедно да го користат дигиталниот клуч преку паметни уреди. За да се овозможи ова, ќе се користи постоечката инфраструктура Trusted Service Manager (TSM). Користејќи го NFC ограничувањето на растојание и директната врска со сигурносниот елемент на уредот, CCC обезбедува најсовремено ниво на безбедност за пристап до возилата.

Производителите на автомобили ќе ги користат постојните и докажани системи за испраќање на дигиталниот клуч кон телефонот, кој користи NFC со краток домет, а кој е дополнително задолжен да обезбеди пристап до возилото. Нема да биде можно автомобилот да се отклучи од поголемо растојание, па тоа ќе ги принуди оние кои можеби сакаат да го украдат вашиот автомобил, да бидат во негова непосредна близина.

Следната генерација на овој систем, наречена Release 2.0, е во процес на подготовка, а комерцијалната употреба се најавува за почетокот на пролетта следната година. Со здружени сили подготвена, новата платформа ќе понуди целосно прилагодливо решение кое ќе ги намали трошоците за развој на производителите, но, исто така, ќе овозможи новиот систем да биде применлив кај широк спектар на марки на автомобили, но, исто така, и на уреди кои се поврзуваат на интернет (паметни телефони).

BMW во моментов во својата понуда има клуч со дигитален дисплеј, но понудата е ограничена на неколку модели. Покрај сите вообичаени функции, отклучување, заклучување, идентификација на клучот при стартување на возилото, овој гаџет, поседува и LCD екран со дијагонала од 2,2 инчи, од кој се читаат важни информации за возилото: нивото на гориво или автономија во случај да станува збор за електрифицирани возила.