За вистински познавачи – дали можете успешно да го погодите моторот според неговиот звук? / ВИДЕО
Исклучете се од надворешниот свет, вклучете ги звучниците и подгответе се истовремено да го тестирате сопственото знаење за автомобилите, но и сетилата за слух
Квизот ќе ви покаже каде стоите кога станува збор за препознавање на моторите само според звучните бранови што ги испуштаат.
Правилата се прилично јасни и едноставни. Прво имате 30-45 секунди во рамките на кои можете слободно да ги апсорбирате звуците на одреден мотор, а потоа 15 секунди за да го поврзете слушнатото со еден од понудените три одговори. Соберете ги поените и проверете го познавањето.