За прв пат во еден квартал, Tesla заработила повеќе од милијарда долари
Производителот на електрични автомобили Tesla соопшти дека за прв пат заработил повеќе од една милијарда долари само во еден квартал
Компанијата, основана од Елон Маск, десеткратно ја зголеми годишната заработка односно на 1,1 милијарда долари во периодот од три месеци до јуни.
Во истиот период, приходите се зголемиле за 98 проценти, на вкупно 12 милијарди долари.
Овој квартален резултат ги надмина очекувањата на аналитичарите. Сепак, берзата реагираше умерено на оваа информација, па акциите на Tesla само малку зајакнаа. Компанијата исто така забележа рекордни бројки кога станува збор за производство и испорака на електрични модели во вториот квартал.
Американската компанија испорачала 201.304 возила на клиенти, а произвела 206.421. Ова е највисок квартал од основањето на компанијата во 2003 година.