Сопственик на скапоцено Ferrari докажува дека и има такви кои знаат да ги возат своите скапи миленици

Значи, не станува збор за „обично“ Ferrari, туку за LaFerrari, и тоа во Aperta издание, чија продукција е лимитирана на само двеста примероци. Во него има многу работи кои го прават и тоа како посебен и еден од најбрзите автомобили во светот за јавна употреба. Дел од заслугите одат на сметка на Hybrid Drive погонот, кој ги комбинира скапоцениот V12 и електричен мотор, испорачувајќи неверојатни 963 КС.

Човекот на видеата на социјалните мрежи е познат како powerslidelover, а ова не е неговиот единствен егзотичен автомобил.