Зголемувањето на цените на услугите на станиците за полнење на електрични автомобили во Германија ќе влијае на зголемувањето на цената на нивната експлоатација, во однос на возилата со класичен погон …

И покрај фактот дека ги има сè повеќе во целиот свет, предностите на електричните автомобили во однос на бензинските и дизел автомобилите честопати се ставаат со знак прашање, барем кога станува збор за реалните трошоци. Така, клиентите во Германија во просек плаќаат околу 30 евро центи за kWh за електрична енергија во домаќинството, додека полнењето на електричните возила е многу поскапо.

На еден мал електричен автомобил, како што е Opel Corsa, според производителот, му требаат околу 16 kWh / 100 km или во најевтина варијанта 8 евра за 100 километри. За полнење на најбрзиот полнач (за возила кои поддржуваат брзо полнење), полнење за да се поминат 100 километри чини повеќе од 16 евра.

Од друга страна, Opel Corsa со дизел мотор и декларирана потрошувачка од 4 литри на 100 километри, го чини сопственикот – помалку од 5 евра / 100 км.

Германската компанија Plugsurfing, која обезбедува услуги за полнење електрични автомобили, ќе ги зголеми цените на своите услуги на 15 јануари, така што во иднина, корисниците ќе плаќаат 49 центи на станиците за полнење (AC) и 69 центи на станиците за брзо полнење (DC).

На специјалните станици за брзо полнење, опремени со полначи со голема моќност до 350 kW (т.н. Ionity), за полнење во иднина ќе треба да се издвојат 1,09 евра за kWh. Плаќањето директно преку Ionity е многу поевтино, па така електричната енергија се нуди за 79 центи за kWh.

До сега Plugsurfing наплаќаше 44 центи на АС полнач, 54 центи на DC полнач и 84 центи на полнач Ionity. Наглиот пораст на трошоците се оправдува со зголемувањето на ДДВ од 19 проценти и прилагодување на трошоците.