Она што може да се види на прв поглед е дека новитетот ги задржал пропорциите на моделот во заминување, но сега изгледа поспартански, минималистички…

На прв поглед, се разбира, целиот фронт е променет, иако промените се прилично благи. Предните светла имаат малку поинаква форма на LED диодите, решетката на ладилникот има поинаква завршница, а и целата лента под решетката изгледа поинаку. Патем, рачките на вратите исчезнале, или внесени се во каросеријата. Такво нешто е сосема очекувано бидејќи таквото решение се наоѓа и во поевтиниот Evoque, па зошто да не се имплементирате на предводникот.

Ако некој, по гледање на сликите е загрижен дека новиот Range Rover го загубил својот кутиест дизајн и станал премногу овален, сепак тој се уште е релативно квадратен, иако не толку како претходно.

Некои одлуки на стилистите секако бараат поголемо внимание. Меѓу нив, сигурно се истакнуваат панорамските прозорци, како и необичниот дизајн на задниот дел.

Внатрешноста е трансформирана така што гледаме редизајниран централен панел, сосема нов волан и мултимедијален систем со голем екран комерцијално наречен Pivi Pro. Рачката на менувачот сега изгледа повеќе на тоа што е, и е направена во стилот на Audi. 

Покрај фотографиите, тајно se објавени и информации за модификациите на новиот Range Rover. Улогата на базен модел ќе ја преземе верзијата индексирана како D250. Истата ќе се придвижува со дизел мотор од семејството Ingenium, оној што ќе испорачува 250 КС.

Претпочитани варијанти секако ќе бидат и оние со ознаки D300, D350, а особено оние хибридните на кои ќе пишува P400e или P500e. На врвот од гамата ќе биде модификацијата P530. Оваа варијанта под хаубата ќе има V8 мотор и ќе понуди продолжено меѓуоскино растојание. Ќе се нуди за не помалку од 173.700 евра.