За авантуристите во душа и длабок џеб – фантастична куќа за одмор на тркала
Ако сонувате за тоа одморот да не го поминувате на едно место, а во исто време да ја имате сета удобност на вашиот дом, тогаш Concorde Liner 990 GI е вистинското решение за вас
Доколку кризата со пандемијата на коронавирус во светот, а засега тоа е многу извесно, навиките на туристите може во голема мера да се променат. Многумина сакаат да летуваат, а во исто време, заради своја безбедност, да можат да се изолираат од другите туристи кои престојуваат во хотелот.
Едно од решенијата што ги исполнува двата услови се камперските возила кои обезбедуваат повеќе или помалку удобност на домот, а благодарение на што можете да одите каде сакате – под услов да не се затворат границите на другите земји.
Во овој случај станува збор за луксузен кампер, Concorde Liner 990 GI, кој се базира на камионот Mercedes Atego.
Можеби најинтересно, покрај сиот луксуз, оваа фантастична куќа на тркала има мала гаража во задниот дел од возилото во која – верувале или не – може да влезе автомобил. Се разбира, станува збор за возило од типот Smart ForTwo кое ќе се сложите е сосема доволно за разгледување на околината каде сте стационирани со камперот. Производителот нуди и попространа варијанта на камперот, Liner 1090 GI, кој може да смести и поголеми автомобили, како што се MINI Cooper или FIAT 500.
Погледот во внатрешноста на камперот открива луксузен ентериер, во кој патниците ги имаат сите удобности на модерен дом. Од кујна со сите потребни содржини, преку дневна и спална соба со брачен кревет, до луксузно опремена бања. Се разбира, при нарачката на ова возило, клиентите можат да го менуваат ентериерот по свој вкус.
Патем, Concorde Liner 990 GI користи 6-цилиндерски 7.7-литарски дизел мотор кој генерира 300 коњски сили.
Со оглед на се она што го нуди едно вакво возило, цената секако не е мала. Производителот наведува дека најевтината верзија чини 350.000 евра.