Првата генерација на С-класата која го наследи легендарниот модел 190 на автомобилската сцена стапи во 1993 година. Во свое време била толку напредна што и денес е лесно да се претвори во денешната С-класа, сметаат во Mercedes

И додека „модернизацијата“ на Mercedes и некои други модели во нашиот регион најчесто донесувала замена на моторот со неуништливи дизелаши, во Mercedes одлучиле да одат чекор понатаму. Иако првата и последната генерација ги делат барем три чекори и неколку милијарди вреден развој, од Mercedes сакаaт да кажaт дека овие две генерации може да се комбинираат.

Е сега, ако за момент помисливте дека е можно едноставно да се модернизира автомобил од неколку илјади долари во нов Mercedes, следува разочарување. Сето ова е само дел од комерцијалното видео на Mercedes, со кое се промовира новата С-класа во САД. Скокот од првата до четвртата генерација трае точно 35 секунди.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=33&v=f9h5YpqNtfM