Кинеската технолошка компанија Xiaomi, еден од најголемите производители на паметни телефони, влегува и во автомобилската индустрија

Xiaomi, во соработка со кинескиот производител Bestune, ќе го направи својот прв автомобил, кој ќе се продава под брендот Redmi.

Првиот Xiaomi автомобил ќе биде од SUV сегментот, надградена верзија на компактниот T77 модел на Bestune, кој се придвижува со 1.2-литарски турбо-бензинец со 143 КС и 204 Nm вртежен момент.

Кросоверот на Xiaomi веројатно ќе се разликува само во софтверот, а ќе располага и вештачката интелигенција Xiao AI, која како гласовен асистент ќе овозможи контрола на прозорците, климата и други функции.

Почетната цена е веќе позната – околу 11.800 евра.