„Добредојде во светот“! Со овие зборови, Williams го претстави својот нов болид за претстојната сезона

Новиот дизајн, деталите кои драстично ќе влијаат на резултатите, како и новата опрема што ќе ја носат членовите на тимот, се само некои од работите кои Williams со големо возбудување ги најавува на социјалните мрежи.

Сите свои нови карактеристики, Williams ќе има шанси да ги покаже во претстојната сезона, а кампањата за новиот автомобил најдобро е опишана со слоганот „Животот е само еден“.

Тестовите за новата сезона започнуваат на 18 февруари во Барселона, додека првата трка е на 17 март во Австралија.