VW T-Roc Cabriolet: Време е за отворен „Golf“ со повисока позиција на седење / МЕГА ФОТО ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО
Во Volkswagen се обидуваат да го свртат вниманието на светската јавност со поведри теми. Во продажните салони пристигнува VW T-Roc Cabriolet
Иако кросоверите во „топлес“ издание не поминуваат нешто добро на пазарот, а ниту пак ни кај автомобилските критичари, во Volkswagen сепак се решени да ги сменат работите и овој концепт да го понудат во подостапниот сегмент.
Бидејќи Volkswagen веќе некое време во понудата нема Golf со отворен кров, T-Roc Cabriolet може да ја пополни таа празнина, особено кога се знае дека клиентите се се повеќе наклонети кон кросовер и SUV изданијата.
Официјалната продажба на овој специфичен автомобил треба да започне во Германија и други земји на Стариот континент во петок на 20 март (можеби ситуацијата со коронависрусот сепак нешто ќе промени), и тоа во две верзии на опрема, Style и R-Line. И во двата случаи ги нема страничните задни врати и, се разбира, нема класичен покрив. Покривот сега е мек и се отвора за само 9 секунди, но под услов да не возите побрзо од 30 km/h. Капацитетот на багажникот е 280 литри.
T-Roc Cabriolet стандардно доаѓа со 17-инчни алуминиумски тркала, а опционално може и со 18 и 19 инчи.
Во моторната понуда, достапни се две опции. Основната единица е 1.0 TSI со 115 КС и 200 Nm и е спарена со 6-степен мануелен менувач. Помоќната опција е 1.5 TSI со четири цилиндри и 150 КС и 250 Nm. Купувачите во овој случај може да избираат помеѓу 6-брзински мануелен менувач и 7-степен автоматик DSG.
За разлика од стандардниот T-Roc, кабриолет верзијата не е достапна со погон на сите четири тркала.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”16dJH797nbgC647AdEt_tsv14ef1M2kQE” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Цената во Германија започнува од 27.495 евра, колку што чини T-Roc Cabriolet Style, додека за подобро опремениот R-Line треба да се издвојат 32.810 евра.