
VW I.D. Hatchback – дали во Tesla треба да бидат загрижени / ВИДЕО
На крајот од 2019 година, Volkswagen конечно ќе претстави долгоочекуваниот I.D. хеџбек, првиот модел од новото електрично семејство
I.D. хеџбек во продажба ќе влезе во 2020 година, но судејќи според впечатоците од првото возење на овој автомобил, Tesla сериозно треба да посвети внимание на VW.
Tимот на YouTube каналот Fully Charged добил шанса да го тестира првиот електричен автомобил на VW во близина на Кејп Таун во Јужна Африка.
Иако развојот на возилото и понатаму е во прелиминарна фаза на развој, автомобилот веќе покажува дека ќе биде вистински хит на пазарот. Веќе за овој прототип коментарот е: „Апсолутно, иритирачки неверојатно“.
Основниот модел треба да има батерија која ќе овозможи автономија до 330 километри по цена за сегашната генерација на Golf со дизел мотор.
Помоќните верзии ќе имаат поголеми батерии и автономија до 550 километри според новиот построг WLTP стандард.
Сеуште нема информации за официјалното име на електричниот хеџбек, а се шпекулира дека може да биде Neo, како и тоа дека ќе подржува технологија за полнење на батеријата до 80% од капацитетот за само половина час.