Германскиот гигант Volkswagen го откри Golf GTI TCR, легална верзија на автомобилот инспириран од тркичкиот модел TCR International Series

По претставувањето на Golf GTI TCR во концептно издание на овогодишното Worthersee Show во Австрија, VW сега однапред прима нарачки за овој hot hatch . За жал, моделот нема да биде достапен за повеќето фанови ширум светот, бидејќи во моментов е резервиран само за оние во Европа. Инспирацијата за серискиот GTI TCR доаѓа од тркачкиот модел кој учествува во TCR International Series.

Моделот TCR се наоѓа помеѓу Golf GTI Performance и Golf R, а го придвижува 2.0-литарски погонски агрегат со 4-цилиндри кој развива 290 КС. Тоа е 45 КС повеќе од стандардниот GTI и 10 КС помалку од R верзијата на Golf.

За пренос на моќноста на предната оска, задолжен е 7-степен автоматски менувач со двојна спојка, со кој TCR до стотка забрзува за 5,6 секунди со максимална брзина од 260 km / h.

Почетната цена на Golf GTI TCR во Германија изнесува 38.950 евра, а пакетите дополнителна опрема чинат 2.350 и 3.200 евра.