Германскиот Volkswagen полека но сигурно се опоравува од скандалот Dieselgate и сега со крупни чекоро се движи кон доминација на пазарот на електрични автомобили (EV)

VW речиси целиот свој фокус го префрли на EV, а камен-темелник на амбициозниот план е фабриката во Цвикау. Тоа е најголемата и најефикасна европска EV фабрика со капацитет од 330.000 електрични автомобили годишно. Максималниот капацитет ќе се зголемува од 1.350 до 1.500 возила на ден, а ќе биде достигнат во 2021 година.

Овој погон, VW целосно го има префрлено на е-мобилност и во моментов овде се произведува електричната верзија на Golf, а до крајот на следната година и компактниот електричен хечбек од I.D. семејството.

По последната фаза на развој, од погонот во Цвикау ќе доаѓаат шест различни електрични Volkswagen модели. До 2025 година, VW планира да стане светски лидер во производството на електрични автомобили со милион возила годишно.

https://www.youtube.com/watch?v=_XyiqWtvnAY
https://www.youtube.com/watch?v=lraNUTupu2s
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=sfmsa4Yt590
https://www.youtube.com/watch?v=YfXjcDg_BlI
https://www.youtube.com/watch?v=EJh4cYHMT2Y