Првиот човек на Bugatti, Стефан Винкелман, открива дека новиот модел во гамата на брендот ќе има спортски перформанси, но за разлика од Chiron, автомобилот ќе може да се користи „секојдневно“.

Стефан Винкелман, за изданието Motor1.com вели дека тој спортски модел нема да личи ниту на еден од автомобилите кои што се произведуваат денес.

Винкелман вели дека компанијата сега има можност да направи повеќе од еден модел, за разлика од претходните десет години или повеќе, кога прво го произведоа Veyron, а потоа и неговиот наследник, сегашниот Chiron..

Според неговите зборови, новиот модел ќе биде „многу брз“, но, за разлика од Chiron, „тоа ќе биде автомобил кој може да се користи како дневно средство за транспорт“. Истовремено првиот човек навестува и можност вториот модел во понудата на овој производител да има електричен погон.

Винкелман не прецизира кога новиот Bugatti може да се појави на пазарот, но очекувањата се тоа да се случи во следната деценија.