Времеплов: Две децении Porsche Cayenne
Само првата генерација е продадена во повеќе од 276.000 примероци, а милионитиот продаден Cayenne од фабричките линии е симнат во 2020 година.
Многу фанови на Porsche не биле среќни кога германскиот производител го најавил Cayenne. За среќа, големиот SUV со текот на времето покажа не само дека може да се вози како вистинско Porsche, туку и дека може да се продава на тој начин. Од појавата на Cayenne поминати се две децении, а Porsche ја прослави својата годишнина.
Проектот првично бил наречен „Colorado“, а новиот Cayenne бил развиен во соработка со Volkswagen. Секоја компанија придонела на основа на нејзините предности, па така платформата е на Porsche, а VW обезбедил експертиза за продажба на големи количини. За дополнително да се разликуваат двата модели, секој производител користел сопствен погон и поставување на шасија. Оттогаш, Cayenne се покажа како лидер во продажбата и иновациите за Porsche.
Се разбира, тоа можеби не би било така доколку Porsche не зазел став додека го развивал. Не само што сакаше да го натера да вози што е можно повеќе како спортски автомобил, туку морал да врши притисок и врз сите конкурентни теренци. За да се постигне ова, понудени биле голем број системи како што се воздушно потпирање и активното управување со суспензијата на Porsche. Денес, тоа е главна карактеристика во целата линија.
Трендот на додавање напредна технологија во Cayenne продолжува и со втората генерација. Наместо менувачко куќиште со мала брзина, Porsche го заменил постојаниот систем за погон на сите тркала со спојка со повеќе плочи што се користи и денес. Втората генерација на Cayenne е и првото Porsche со модерна хибридна и plug-in хибридна технологија.
Најновата генерација продолжи да бележи успех на патиштата, офроуд терените, но и во однос на продажбата. Алуминиумската школка на каросеријата е развиена за да се заштеди на тежина, додека воздушното потпирање со три комори и управувањето на задните тркала се додадени за да се подобри возењето и управувањето. Најспортскиот член на линијата, Cayenne Turbo GT, постави рекорд по круг на патеката Нирбургринг за SUV категорија со време од само 7:38:925, што е четири секунди побрзо од претходниот рекордер – Audi RS Q8.
Во текот на овие две децении, Cayenne е голем успех за брендот. Само првата генерација е продадена во повеќе од 276.000 примероци, а милионитиот продаден Cayenne од фабричките линии е симнат во 2020 година. Според Porsche, минатата година биле продадени повеќе од 80.000 SUV возила.