Враќањето на легендарниот бренд закажано за ова лето
Нов автомобил од марката De Tomaso ќе биде лансиран на 4-ти јули
Mangusta (1967-1971)
Легендарниот италијански производител на спортски автомобили, чија слава потекнува од 1960-тите и 1970-тите годинисо модели како што се Vallelunga, Mangusta и Pantera, одбележувањето на шест децениското постоење ќе го обележи со нов автомобил.
De Tomaso најави дека новиот модел со име Project P откриен на традиционалниот Goodwood Festival of Speed на 4-ти јули. Компанијата не откриva повеќе детали, па останува да се види за какво возило станува збор и дали е тоа концептен автомобил , на што наведува ознаката Project 5“.
Инаку, овој италијански бренд е основан во 1959 од страна на аргентинецот Алехандро Де Томасо (1928-2003), кој својата среќа ја има побарано во многу автомобилски сфери и води. Во 1957 и 1959 година тој дури и се натпреварувал во Formula 1, но без забележителни резултати.
По смртта на својот основач, компанијата постепено пропаѓала, за да во 2012 година бакротира и биде префрлена под државна контрола. Во 2015 година таа е продадена на аукција на кинеската група Consolidated Ideal Team Venture, во чија соптвеност е и денес.