Швеѓаните се први кои започнаа со користење на автономни камиони во секојдневна употреба

Потсетувајќи на кацигата на војниците од филмоt Star Wars, оваа недела електричен камион без возач започнал секојдневно да испорачува роба во Шведска, а производителот Einride и логистичкиот клиент DB Schenker камионот го опишуваат како прв во светот.

Роберт Флак, извршен директор на шведскиот стартап Einride вели дека компанијата е во партнерски разговори со големи добавувачи како би помогнале во производство и испорака на нарачки, а компанијата не ја отфрла можноста за идно поврезување со големите производители на камиони.

„Оваа јавна дозвола за патиштата е важна пресвртница (…) и тоа е чекор кон комерцијализација на автономната технологија на патиштата“, вели Флак за агенцијата Reuters, инаку поранешен главен извршен директор на Volvo. „Бидејќи сме прва софтверска и оперативна компанија, барањето партнерство со компанија за производство е нешто на што ние гледаме како јадро кое се движи напред“, вели тој, додавајќи дека се надева на склучен договор до следната година.

Возилото Т-Pod на Einride тежи 26 тони кога е целосно полно и нема кабина за возач. Проценките се дека ги смалува оперативните трошоци за транспорт за околу 60 проценти во споредба со дизел камион со возач.

Освен за DB Schenker, Einride испорачува и за германскиот Lidl, шведската компанија за испорака Svenska Retursystem и пет други трговски компании, што ги поддржува амбициите на компанијата до крајот на 2020 година, со работа да се започнат 200 возила.

Операторите на товарни возила се под притисок за намалување на времето на испорака, намалување на емисиите и справување со растечкиот недостиг на возачи.

DB Schenker го избрал Einride пред добро познати производители на камиони, бидејќи Т-pod, како што велат, содржи две од најголемите трансформации во овој сектор: дигитализација и електрификација, вели извршниот директор Јохен Тивс.

„Ние веруваме дека Einride е најдобриот концепт за сега“, вели Тивс.

Камионот Т-Pod е со автономно ниво 4, вторат највисока категорија и користи платформа Nvidia Drive за обработка на визуелни податоци во реално време. Операторот, кој седи со километри далеку, може да надгледува и контролира до 10 возила во исто време.