Конечно е тука! Долго очекуваниот DeLorean од 21.век конечно знаеме како ќе изгледа, а вистинското деби на вистинскиот автомобил ќе се одржи во август на Пебл Бич, односно настанот наречен Pebble Beach Elegance Contest

Познато е и името – DeLorean Alpha5, а познато е и дека автомобилот нема да има речиси ништо заедничко со класичниот модел наречен DMC-12, оној што го сакавме гледајќи ја филмската трилогија „Враќање во иднината“ (Back to the Future).

Исто така, јасно е дека оригиналната компанија на Џон Дилоријан нема никаква врска со ова возило. Имено, таа компанија престана со работа во 1982 година, а самиот Дилоријан почина во 2005 година. Но, некаде во 1995 година, претприемачот Стивен Вин основал нова компанија во Тексас и ја нарекол DeLorean Motor Company, откупувајќи го и правото на името.

Отпрвин, Стивен Вин бил ангажиран само во областа на реставрација и препродажба на оригинални примероци на четири тркала со ознаката DeLorean. Сепак, во некој подоцнежен момент, Вин решава целосно да го оживее некогаш познатиот бренд.

Бизнисменот првично планирал да состави подобрена верзија на оригиналното купе DeLorean DMC-12, со помодерен мотор. Сепак, оваа идеја никогаш не е реализирана.

Што се однесува до новиот проект, поточно неговата реализација, Стивен Вин дури формирал подружница под ново име: DeLorean Motors Reimagined LLC. Сепак, за основите на дизајнот и инженерингот се погрижиле експерти од италијанската компанија Italdesign Giugiaro, а познато е дека е контролирана од Volkswagen Group. Потсетување дека Џорџето Џуџаро е автор на дизајнот на оригиналното купе DMC-12.

Вратите кои се отвораат во стилот на крилата на галеб, како и ребрестите украси над задното стакло се сè што е заедничко кај новиот DeLorean Alpha5 со автомобилот од осумдесеттите години на минатиот век. Сега не станува збор за компактно купе со V6 мотор зад седиштата, туку за голем електричен автомобил со внатрешност во која може да се сместат максимум четири лица, бидејќи во него има ист број седишта.

Новитетот ќе биде долг 4.995 mm, широк 2.044 mm и висок 1.370 mm. Кровните панели во комбинација со вратите имаат стаклени уметоци. Аеродинамиката е добро дизајнирана, иако коефициентот на отпор од Cx 0,23 е сè уште повисок од истиот индикатор кај, на пример, референтната лимузина Mercedes-Benz EQS каде што е само 0,20.

Засега има многу малку информации за техничките карактеристики на идниот новитет. Познато е само дека DeLorean Alpha5 ќе има тракциона батерија со капацитет од повеќе од 100 kWh, што ќе овозможи досег од над 48o километри со едно полнење.

Но затоа динамичките карактеристики се веќе објавени. Максималната брзина е 241 km/h, времето на забрзување од нула до 60 милји на час (97 km/h) е на граница од 3,4 секунди. А ознаката од 142 km/h електричниот автомобил ќе ја надмине за 4,35 секунди по стартот.

DeLorean планира да започне со продажба на Alpha5 некаде во 2024 година. Автомобилите ќе се склопуваат во Италија, а очигледно е дека оваа задача ќе и биде доделена на компанијата Italdesign. Од друга страна, електричните компоненти за новитетот ќе бидат испорачувани од Англија.

Планираната серија за DeLorean Alpha5 е 88 возила. Но, планот предвидува и производство на спортски автомобил со бензински V8 мотор, па доколку се остварат замислите на конструкторот, дури и водородна верзија.