За пренос е инсталиран 4-брзински мануелен менувач, кој ја испраќа моќноста на електромоторот до задната оска

Manta е еден од „најголемите“ Opel-и во историјата и модел кој во 70-тите години на минатиот век претставува поим за спортски автомобил.  Минатата година се одбележа 50-годишнината од нејзиното преставување, а тогаш почнаа и шпекулациите дека Германците подготвуваат наследник на еден од нивните најпознати модели досега.

Наследникот е тука, но не во смисла на производствен автомобил, туку како прекрасно „електромод“ купе, своевидно преклопување помеѓу препознатливата историска силуета на оригиналната Manta прилагодена на денешното време и електричниот погон наречен Manta GSe ElektroMOD Coupe. Станува збор за уникатен модел направен за 50-годишнината од постоењето на моделот, но исто така претставува и претставување на под-брендот GSe за идните електрични модели на Opel со високи перформанси.

За разлика од оригиналниот 1.6-литарски 4-цилиндерски мотор од првата генерација GT / E верзија од 105 КС, тука тој е заменет со електромотор со 147 КС и 225 Nm вртежен момент. Сепак, Opel поставил мануелен менувач со четири брзини за пренос, кој ја испраќа моќноста на електромоторот до задната оска за да задржи дел од спортскиот дух на стариот господар за време на возењето. Возачите исто така имаат можност да го користат менувачот како автоматски. Очекувано, максималниот вртежен момент е достапен од нулта брзина.

Со енергија возилото се снабдува од литиум-јонска батерија од 31 kWh, што му дава на новиот Opel Mantа GSe опсег на возење од околу 200 километри. Исто како и вообичаените електрични модели на Opel, новата Manta исто така има регенеративно сопирање и вграден полнач од 9 kW, а целосното полнење трае нешто помалку од четири часа.

Opel успеал да ги комбинира своите најнови елементи во дизајнот прилично вкусно во класичната форма на Manta GSe, која има „Pixel-Vizor“ што се протега на целата ширина напред. Тоа е всушност екран кој се користи за пораки, како „Јас сум во нулта е-мисија“, проследено со силуетата на Манта. Иконските двонасочни двокружни светла се исто така тродимензионални LED единици.

Еднократниот концепт е обоен во впечатлива жолта боја, за разлика од црната хауба, додека тркалата се специјално дизајнирани од марката Ронал од лесни легури.

Внатрешноста на новиот Opel Mante GSe исто така има корист од надградбите, вклучително и најновите дигитални дисплеи на брендот за таблата со инструменти и инфо-забавниот систем. Овој Pure Panel се состои од 12-инчни и 10-инчни дигитални екрани ориентирани кон возачот. Покрај тоа, Opel додал најсовремен Маршалов аудио систем. Во кабината наоѓаме и пар спортски седишта со жолта централна линија, кои нудат многу подобра поддршка на телото и удобност во согласност со временските услови.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1YSVx3IfZmA8Ed5K6G9xCKDj6DvXvHI6t” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Во блиска иднина, Opel ќе претстави низа електрифицирани модели со високи перформанси со новата ознака GSe, вклучувајќи и „хот верзија на постоeчката Corsa.