Теренецот доаѓа во 7 различни варијанти, а цените започнуваат од 29.995 долари

Ford официјално го претстави семејството на теренски возила под едно име – Bronco. Шестата генерација на моделот се враќа четврт век по завршувањето на производството на петтата генерација, а доаѓа во две верзии на каросерија – класична со 2-врати и за прв пат со 4 врати. Истовремено е покажана уште една модификација – Bronco Sport.

Возобновениот теренец е позициониран како комбинација на класичен стил и најнови инженерски решенија, насочени кон љубителите на активен животен стил и сериозно возење надвор од асфалтот. Според извршниот директор на Ford, Џим Фарли, новиот автомобил ја комбинира цвстината на пикапите од F-Series, спортскиот дух на Mustang и функционалниот дизајн од оригиналниот Bronco од 1965 година.

Bronco дефинитивно има добар потенцијал. Подот е поставен на 294 mm, највисок во сегментот, преминува водeни препреки до длабочина од 850 mm, а максималниот пристап / агол на спуштање е 29 / 37,2 степени. Оние најпребирливите може да го опремат Bronco со огромни 35-инчни теренски гуми со кои теренецот едноставно повеќе нема да сака на асфалт.

Во однос на моторизацијата предвидени се два мотори. Послабиот 2,3 EcoBoost дава 270 КС и 420 Nm, додека помоќниот 2,7 V6 оди до 310 КС и 542 Nm. Седумстепен мануелен менувач со редукција е стандарден кај послабата варијанта, додека помоќниот има 10-степена автоматика. Погонот 4х4 се подразбира, а клиентите избираат помеѓу две верзии, каде другата е забележително покомплексна и со поголема способност. Terrain Management системот донесува седум режими на работа и адаптација на сите терени. Се вика G.O.A.T. ili Goes Over Any Terrain.

Сите верзии на Bronco со 4 врати имаат отстранлив покрив од 4 секции. Кај оние со 3 врати, има 3 секции со стационарен панел во задниот дел. Вратите се без рамки и исто така се отстранливи, при што Ford тврди дека се полесни од оние на конкурентите. Ретровизорите не се врзани со вратите.

Инструмент-таблата на теренецот е инспирирана од оригиналниот Bronco, а купувачите ќе имаат пристап до новиот мултимедијален систем SYNC4 со 12-инчен екран на допир, безжично поврзување со паметен телефон, навигација со претходно теренски маршрути, специјален теренски систем за видео надзор и други слични функции.

Во САД ќе бидат достапни вкупно седум верзии на Ford Bronco, вклучувајќи ја и екстремната Badlands, која ќе биде одговорот за Jeep Wrangler Rubicon, како и специјално прво издание посветено на заживување на моделот. Обезбедени се огромни опции за прилагодување, а ќе бидат понудени над 100 додатоци.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1hGVRwT18CeJwRPjDl_77xZOIEA-jshU-” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Досега е објавена само цената на најниското ниво на опрема – базната, која е 29.995 долари. За да нарача, клиентот треба да плати депозит од 100 долари. Производството на SUV моделот ќе се одвива во Мичиген, а првите испораки се закажани за следната пролет.

https://youtu.be/-v1urLWR5zg

https://youtu.be/mr_unurW_w8

https://youtu.be/4xBy6tsqTDY

https://youtu.be/W6XpSJFCzKI

https://youtu.be/CacIlFaXph0