Германските автомобили се постари од кога и да било, покажува истражување, според кое дури 9,7 проценти од вкупно 47,7 милиони патнички автомобили се постари од 20 години

Просечната старост на патничките возила на германските патишта е 9,6 години, што е рекордна старост за Германија.

Во тој негативен европски просек, Германија е зад Луксембург (6,4 години), Велика Британија (8), Австрија (8,2), Италија (8,4) и Франција (9).

На дното на листата е Литванија, каде просечната старост на возилата е скоро 17 години. Повеќе од 23,4 проценти од возилата во Германија се постари од 15 години.

Експертите од оваа област бараат итна акција на политичарите, па така, Фердинанд Дуденхефер од Центарот за автомобилски истражувања на Универзитетот во Дуизбург вели дека овие бројки се јасен сигнал и голема шанса за креирање на програма за стимулирање на економијата односно силен импулс на германскиот пазар на автомобили, бидејќи само со стимулации во вака тешки времиња може и да се постигне нешто.

Тој смета дека е грешка што автомобилите на гориво се изоставени од програмата за стимулирање, посочувајќи дека со тоа нема ништо да се постигне во борбата против климатските промени, ниту пак да се придонесе кон закрепнување на економијата која е во рецесија полоша и од таа во Втората светска војна.