Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 31.01.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени
утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,815 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,537 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за 3,662% или за 30,450 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 4,010% или за 30,600 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,372% или за 25,500 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 4,670% или за 25,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,9273 ден/$ и е за околу 0,347 % повисок од курсот на доларот (54,7375 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.