Во време на полициски час или карантин, не смеете да возите без реална причина, дури и ако имате BMW

Во моментов, овие правила, како и кај нас, се применуваат и во Велика Британија. Полициска патрола запрела BMW на патот А30 во близина на Лаункестон во Корнвол за време на Велигден, а возачот им дал неочекувана причина зошто влегол во својот автомобил и тргнал „на пат“..

Иако многумина би можеле да ја разберат неговата постапка, објаснувањето дека „морал да се одмори од својата сопруга и децата“ не ги задоволил полицајците. Ваквата причина не спаѓа во рамките на активни правила кои овозможуваат излез само заради есенцијални потреби, како што е одење по храна и лекови.

На тоа потсетуваат и од полицијата, па објавиле твит на популарната социјална мрежа: 

„Да излезете со Вашето BMW на 270 километри возење за да одморите од жената и три деца не е едно од основните егзистенцијално важни патувања. Патиштата сега се празни, но има луѓе кои сè уште не разбираат како стојат работите“.