Volvo убедливо на почетокот на 2021 година
Шведската марка остварила неверојатен раст на продажбата во првиот месец од 2021 година.
Volvo може да се пофали со пораст на испораките за 30,2% во споредба со истиот месец минатата година – вкупно 59.588 испорачани возила.
Шведската марка продала 24.857 автомобили (+ 9%) во Европа, додека во САД се испорачани 8.151 возила (+ 32,4%). Најдобар резултат бил постигнат во Кина, каде е индексиран фантастичен раст на продажбата од 91,3%! Кинезите купиле вкупно 19.160 возила со значката на шведската марка.
Volvo посочува дека моделите Recharge, односно нивните автомобили со батерии, имале учество во продажбата од дури 23%, односно дека скоро секое четврто испорачано возило било хибридно или EV.
Секако, SUV сегментот е предводник на продажбата на скандинавската марка со учество од 71%. Најпопуларниот модел на Volvo во јануари бил XC40 со испорачани 17.770 единици, следен од XC60 со 17.053 регистрации, додека третопласиран е XC90 кој стигнал до 7.564 клиенти.
Минатата година Volvo до клиентите испорача вкупно 661.713 автомобили со пад на продажбата од само 6,2% споредено со 2019.