Volvo подготвува уште помал кросовер
XC20 ќе добие нова платформа и електричен погон
Шведскиот производител Volvo ќе ја комплетира својата гама со мал кросовер, кој ќе го носи името XC20. Ова го објави британскиот AutoExpress, повикувајќи се на разговор со претседателот на компанијата Хакан Самуелсон.
Шефот на Volvo открива дека новиот модел ќе биде изграден на платформата SEA на кинескиот концерн Geely. Првиот автомобил на оваа платформа беше концептот Lynk & Co Zero, претставен пред само неколку дена. Самата архитектура е направена за електрични автомобили, а ќе ја користат сите брендови во сопственост на Geely, вклучувајќи го и Volvo.
Актуелната платформа CMA која ја користи најмалиот модел на Швеѓаните во моментот, Volvo XC40, не може да се прилагоди за толку мал автомобил. Затоа за XC20 е избрана SEA, која исто така е универзална и ги намалува трошоците за производство.
Самуелсон додава дека XC20 ќе работи само на електрична енергија и ќе биде дел од стратегијата на Volvo, која предвидува во 2025 година половина од продажбата на брендот да биде електрични автомобили, а другата половина – хибриди. Затоа се претпоставува дека малиот кросовер ќе биде готов за 4,5 години.