Првиот нов модел на батерии ќе биде лансиран следната година

Минатата недела, претставниците на Volvo се сретнале со некои од нивните американски дилери за да ги претстават своите планови за следните неколку години. Шведскиот производител на автомобили откри дека ја забрзува својата стратегија за електрификација на патот кон целосно електрична компанија до крајот на деценијата.

Плановите на компанијата на краток рок вклучуваат најмалку 5 нови автомобили со нулта емисија. Ова стана јасно по состанокот со повеќе од 800 дилери од Северна и Јужна Америка во Мајами, САД. Првиот нов модел ќе биде целосно електричен и ќе биде претставен во првата половина на следната година.

Се уште нема информации за новиот електричен автомобил на Volvo, но според добро упатените, ова најверојатно ќе биде наследник на актуелниот XC90 кој ќе го носи името Embla. Во меѓувреме, шведскиот кросовер предводник ќе остане во производство уште неколку години, можеби само во plug-in хибридни верзии.

Според Automotive News, кој има прелиминарни информации, петте нови електрични автомобили на Volvo ќе вклучуваат голем и мал кросовер, седан и два караван спортски модели. Според присутните на состанокот, двата каравана производителот ги опишува како „activity vehicles“, што значи дека можеби се во стилот на моделите Cross Country на марката.

Покрај тоа, на пазарот се очекуваат два нови plug-in хибриди, кои во суштина ќе бидат ажурирани верзии на актуелните S90 и XC90. Сите овие очекувани иновации добиле позитивни повратни информации од дилерите па оттаму и намерата на Volvo да составува повеќе автомобили во својата фабрика во САД во Риџвил, а тоа значи и нови вработувања.

Пред извесно време стана јасно дека, меѓу другото, Volvo има намера да лансира електрична верзија на кросоверот XC60, како и да претстави нов, поголем модел, со внатрешно кодно име V546, позициониран под предводникот XC90. Се очекува и нов компактен електричен автомобил, кој ќе се позиционира под XC40 во гамата на шведскиот производител.