По четири години присуство на пазарот, моделите S90 и V90 поминаа низ фаза на рестилизација

Покрај промените на надворешниот изглед, најголемата промена сепак е додавање на „благ“ хибриден систем во понудата. Од Volvo посочуваaт дека овој алтернатор-генератор овозможува заштеда на гориво до 15% и подеднакво толку пониска емисија на штетни гасови.

Со додавање на споменатиот благ хибрид, шведската марка сега целосно ја покрива својата гама на производи, затоа што сега секој модел има барем некаква електрифицирана варијанта. Интересно е дека и караванот со повисок клиренс – V90 Cross Country исто така добил благ хибриден систем.

Кога станува збор за визуелните промени, тие се поочигледни надворешно гледано. Напред, и седанот и караванот добиле нов браник, како и различни светла за магла. Караванот добил и нова задна светлосна група, а за двата модели се достапни и нови бои на каросеријата и избор на тркала.

Освежувања, иако помали, има и во внатрешноста на салонот. Така, европските модели сега имаат систем за филтрирање на воздухот кој воедно емитува податоци на екранот од инфо-забавниот систем за неговиот квалитет. Овој гаџет претходно беше резервиран само за клиентите во Кина.

Новитет се и две USB-C порти за патниците на задните седишта, а ревидиран е и аудио системот на Bowers & Wilkins. Како опција е воведена можноста и за безжично полнење на паметните телефони и други слични уреди.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1ZYkQDZRUQdis7nfHvsP3b_c8c-bK3SXJ” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]